фати (гл.) - за (сврз.)

— Викна Бојко така силно, та дури ехото повтори во долот во Врткова Ливада и се разнесе по целата гора до Кучкин Камен нагоре.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Билјана не рече ништо. Се доближи до детенцето, извади од џеб шамивче, му ги избриша солзите, ги избриша и под носето, го фати за раче и праша: - Како се викаш, мило?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
— Му се овргали право в очи, и како на дедот Јована преѓеска што му удри една клоца во слабината, сега и на Бојка му удри една уште посилна меѓу нозе, та, макар да беше силен, млад и јак не помалку од Брниклијата, Бојко се фати за удреното место и се свитка на тревата крај дедот Јована.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)