фати (гл.) - или (сврз.)

Ќе им се скисне и ним од неговите самоволија, та белким ќе го предадат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Фати ја работата со добро, прибери некој и друг селанец да ти помогнат, да го предадат, оти ако го кријат тие, никогаш не ќе го фатиш или убиеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Султанот издал строга наредба до целата војска и полиција: „Жив да се фати или да се убие!“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Го бараа под дрво и камен, да го фатат или да го убијат...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Има илјадници места на кои можат да се дадат парите, да фатат или да не фатат место, а сепак човек одбира да ги даде на посебно место и на посебен начин.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во еден таков пополноќен разговор, Летка во неговиот глас фати или се потсети на некои постелни шепнешки тонови и му подвикна како при искушение да се падне во бездна: „Еееј...“ му пристори.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Спие на улица!“, другото - вешт крадец, кого можат да го фатат или барем да го гонат како малолетен криминалец што неизбежно може да подлегне на законите, измислени, сѐ едно, за возрасните престапници.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Тие да се фатат или погубат, верувам ќе се смири рајата од тој крај.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тој беше лично до нашиот падишах и од него донесе свето решение разбојниците во Мариово да се фатат или поништат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
На татко ѝ Бугарите му вршеле притисок, па тој во весник изјавил дека ќе биде награден тој што ќе ја фати или убие неговата ќерка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)