фаќа (гл.) - дремка (имн.)

Птиците преселници често ги фаќа дремка, па дури отпосле ќе разберат дека градот станал арамиско гнездо – што окото ќе види, раката ќе дрпне.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- Не ми се спие – се заинати Огне, а „од авион” можеше да се забележи дека очите му се лепат од што го фаќа дремка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
ПИСМО ОД ИНДИЈА - Види го, порасна и ова наше девојче – има обичај да и рече татко ми на мајка ми и да ме погледне со многу љубов и со многу нежност. – На тато, тоа миличкото, колку мало ми беше, сега е права девојка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Подобро би било да чујам песна од твоето грло, зашто од патот почнува да ме фаќа дремка. - Зошто јас?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)