фаќа (гл.) - кривина (имн.)

Ја земам улицата Сент-Оноре... улицата Сент-Рош која е на лево... улица Гомбуст... после само право.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ах! се сеќавам сепак на патот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Беше зима и токму кога ја фаќав кривината, од горе се откина грамата снег и се истури врз камионот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еве еден тапак кој фаќа кривини во темницата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)