ферментира (гл.) - во (предл.)

Таа сигурно во својата меморија ја задржуваше повеста за времето на козите и прашањето за нејзината автентичност, но ја задржуваше и за други времиња, небаре да ферментира во нејзината свест и да ми ја изложи неочекувано во друга пригода и со сосем подруг контекст од очекуваниот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Филозофското дело на Емил Сјоран го открив уште во раната младост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Идеалите на оптимизмот кои најсилно ферментираат во младоста, во кревката душа која верува во сите можни апсолути, кои ги пластев учејќи ја и читајќи ја француската книжевност и филозофија низ нејзините доминантни преставници, кои во мене ја извишуваа моралистичката крива, картезијанската логика, откако го открив Сјоран започнав да се сомневам во нив.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)