фрла (гл.) - и (сврз.)

Луѓето беа постојано со лопатите в раце: ги чистеа деноноќно покривите од куќите и плевните, ринеа и правеа патишта деноноќно, но и снегот врнеше деноноќно; како да беше заинатен и скаран господ со луѓето: тие фрлај и расчистувај го снегот - тој фрлај друг.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го гледаме како го фрла и бега во паника: на кај нас ли боже или натаму во градината?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Додека траеше музиката, дамата ме јадеше, велејќи дека за две недели на познанство јас не можев да ѝ купам парфем, а меѓу другото, прашина во очи фрлам и делам рубли лево и десно.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Дека хула бесчесна врз зборовите си фрлал и дека за тебе гласовите поважни од зборот се?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Не, јас сепак ѝ дадов рубла на старицата и ние во најлоши чувства седнавме да го гледаме филмот.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)