фрли (гл.) - го (зам.)

„Гледај што најдов“, му велам на Јована. „Фрли го, што ќе ти е“, вели тој.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Рафал, фрли го оружјето!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Јас го имав тоа искуство да напишам нешто за што мислев дека е најдобро; и препрочитувајќи го неколку дена потоа, ре­ков:”Господе; скини го ова на најмали можни парчиња и фрли го во нечија канта.”
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штотуку го уби коњот, кога, гледај чудо, овој се преобрази во принц кој, да не беше јунаковата послушност, ќе мораше засекогаш да остане бедно истрошено коњче. 18.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Само што тргна, коњчето рече, „Погледни ми во увото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Земи го Божине... Фрли го таму сред буките...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Напред, пред гостите и домаќините, одеа ергените, пред нив чупите, а пред нив, сам, свирачот; чупите пееја: Фрли го, лудо, шеширот, оти е место нагорно, оти ќе се лудо испотиш, Ихиии!... а ергените одговараа, исто на шака: Фрли го, Досто, опрегачот, оти е место каменливо, оти ќе се, Досто, засопнеш, Ихууу!...
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
МИТРЕ: Кој, Панде? Хе, за кирајџија е роден! Митрејце, на земи го, фрли го таму пагурчево и дај да покаснеме пак да излеземе.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
- Фрли го на хартија. И не биди скржав во зборовите - се обиде да ме насрчи иследникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зигмунд мислеше миг-два, потоа рече: „Не се сеќавам од кого е. Фрли го.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ана ми ја подаде гондолата, мојот подарок за дваесет и шестиот роденден на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не знам од кого е,“ рече Зигмунд. „Фрли го.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ана ми го подаде доминото, и јас го спуштив во кутијата покрај мене, во која на голем куп беа ставени книги, сувенири, дребулии кои требаше да бидат фрлени.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Фрли го во морето нека го носат далгите во заборав.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И фрли го тоа одвратно палто по ѓаволите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јас умеам да познавам и да ценам што е лошо, а што е арно. Ова е лошо - фрли го!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
„Бамстед“! рикна гласот. „2713 Бамстед Ј! Фрли го лебот!“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас не можам да дојдам со теориска секира, и да кажам, ако не е “од внатре”, фрли го, не помага.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како сеач фрли го од дланка просото на спомените и гледај:низ ретко сплетениот ѕид на колибата навлегува денот доброволно кинејќи се во млазови, циникот, сега се распознава.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Чепка во торбата, во чиниче измеша во вода од расипаното брашно и му го подаде на Кузе, велејќи му со глас на бајачка: - Изеди го ова и фрли го појасот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ако го имаш пиштолот, те молам, кога ќе стигнеме до грмушкана, фрли го во неа.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Нумо послушно тргна.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Којзнае зошто, го послушав.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сè друго наречи го трици и фрли го на свињите".
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Светот на комунистите си имал свои војски, ќе си имал и свои генерали, ако не веднаш, тогаш малку подоцна; броси јево; фрли го тој царски генерал в ѓубре, сосе рамка.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Семјоне Иванович“, му се обраќам јас на татко ти со внимание но и со вознемиреност.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Фрли го што подалеку, натфрли го јадливо, разјадливо - не плукај, подголтни - да нема мера расцепот во овој расчепен разговор јаз-говор, јас-говор пред овој исплазен јазик при таа жега во умот нишан на нишан јас на ти.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Е, тогаш фрли го ќесенцето со тутун за да свиткам ена...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Фрли го Симон во најшироко поле, пак е затворен.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
ЈАКОВ: Запалете ме. Фрлете го пепелот од манастирот Свети Канео Охридски во езеро.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ама, ако мораш, цвеќето мирисни го и фрли го, а од амбарот повеќе земи одошто наполни - ете, тој е советот.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)