фрли (гл.) - секира (имн.)

Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Ја фрлиф секирата настрана и се наведнав над животното.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Дедо Димо ја фрли секирата настрана и ја крена раката да замавне Раката му остана во воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред да сфати како паднало последното младо стебло (биле исечени за цела зимска седмица), Лозан Перуника го видел предавството на крвта, на годините, на прегладнетоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Бездруго веќе знаел како морало да се случи: Арсо Арнаутче ја фрлил секирата и, чиниш во пад е, ја повлекол со себе покорената жена кон невидени длабочини, поточно кон земјата од која ќе почне нивното барање на длабочините додека ќе ги сменуваат писоците од уста в уста рамно, од месо в месо; ја видел, трет во тоа збивање, испреплетеноста на змиската игра и со обете раце се фатил за првото стебло како да ќе го искорне; само се лизгал со дланките по мазната кора паѓајќи на коленици и удирајќи со главата во празно како да стресувал од вратот копривно лути гасеници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не стигна да се исуши солзата вдовичка зашто се расчу дека во Никулица, на Пречиста остана во снеговите на Биковик Ставре на Пандовци.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Така секој месец и ден само редење, запустување, болка...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во црвеник ни го изгореа селото, а на Свети Костадин и Елена почина татко, бог да го прости, кутриот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја фрли секирата настрана, а потоа една по една почна да ги фрла цепениците во огнот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)