цени (гл.) - дека (сврз.)

„Плинов има А-тест?“ „Нема, нели цениш дека колава вреди 500 евра, а тестот повеќе од цела кола“, се бранам јас.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
„Гледај, те молам“, му се насмеа в лице, „ако си ти личноста која од толкавата зацапаност може и да се разболи, и ако цениш дека токму јас сум спасителката што може да те исцели, речи го тоа директно, а не во трето лице!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ценевме дека токму со ваквиот пристап [„лаичка“ наративна верзија + стручен текст во фуснота] ќе ја постигнеме нашата основна цел: текстот да биде лесно „сварлив“ за читателот кој не е правник, односно да не биде премногу правнички, несфатлив и тежок за читање; додека, пак, стручната компонента од анализата да биде дадена во една интервентна и ненаметлива форма, кон крајот на текстот – за да не преминеме во друга крајност, којашто ќе ја девалвира професионалната вредност на трудот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)