црта (гл.) - крст (имн.)

Ги гледаш овие три прста? Ги состави трите прста прабаба ми, палецот, показалецот и средниот прст, правејќи врв како пирамида со три страни, составувајќи ги тие три силни енергии во една, како симбол на светото Тројство, па почна со нив да се одбележува, цртајќи крст врз себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но тоа му даваше можност да ги искушава луѓето на тој начин што со нокотот ќе црта крстови и ќе ги претвора во злато.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи Ксавиер тукушто беше стигнал во Јапонија и бидејќи требаше долго да проповеда пред да успее некого да преобрати во христијанската вера, засега немаше ниеден верник што тој би можел да го искушува.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)