црта (гл.) - филм (имн.)

Кратките црни панталончиња кои продолжуваа во слабите долги нозе во комбинација со црвената маица која ги имаше притиснато малите гради и долгата бела цигара, од неа правеа вистински лик на заводничка од цртан филм.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Дури, ние (граѓаните на државата Terra Incognita што Дизниленд се вика) живееме на маргините на маргините, во фуснотите на фуснотите, ко најситни Матрјошки, со тој фантом на идентитет избушен ко фигура од цртан филм, низ чиј стомак се гледа така интересна перспектива и пејсажи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Нема ли „извлекувањето на македонски“ на тој морков да резултира со тектонски придвижувања на еден цртан филм со итриот зајак, којотот, птицата и Бим и БУМ!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
„Сепак - заклучи Тронси - темата на текстот на Дектер ми се чини доста важна, бидејќи денес е толку вистина дека глупавоста е една оригинална и единствена димензија во полето на уметноста, што кога е во недостиг, мора да се бара во соседни полиња на изразување: најголемиот дел од специјализираните ревии за модерна уметност (Frieze, Artforum, итн.) побрзаа да зборуваат за Бивис и Батхед, американскиот телевизиски цртан филм, чија што глупавост (на главните јунаци, на дијалозите, на ситуациите) се чини бескрајна.”
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)