чека (гл.) - некого (зам.)

Сите чекаат некого, мене никој не ме чека.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Загледан во островите кои како храмови се издигнуваат од морето, забележувам пролетта веќе ја подготвила тревата која зеленее и која чека некого ако си ја запеал - прекини ја таа црна алелуја.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
МИХАЈЛО: Ги заклаа овците. (Пауза) Шетам навечер и само чекам некого да сретнам. Нешто да се случи. Мислам нешто само што не се случило!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Една ноќ само, токму пред разбудување, се виде себеси остарен, побелен и свиткан, како цупка пред Чифте-амамот, чекајќи некого да излезе оттаму.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Зашто, секоја голема љубов почнува со три мали лаги.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Јас се насмеав, тие се поздравија со мене и си заминаа прегрнати, а јас порачав наместо кафе, нане со ким. Како да чекам некого на чај за двајца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)