чека (гл.) - ја (зам.)

Зошто поетот тишината во која сонува и чека ја нарекува мала, а голема - тишината на исчезнувањето?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Се знае ли што не ќе измисли војник во првите бојни редови, чекајќи ја смртта секој момент? Ho по едно време оваа цуцка се претвори во вистинска стапица за војниците од двете страни.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не приоѓајте му, Оставете го. Три жени со бели шамии околу главите Му претскажуваат, црвена жед од која ќе изгори земјата и дека низ провалиите на исушени мориња со векови надоаѓаат заточеници да го видат како се скаменил чекајќи ја да мине девојката на залез сонцето што ја оплоди.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А тој чекајќи ја на клупата под зелениката во паркот зад стадионот, уште од далеку ја забележа нејзината неизбежна среќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Оттогаш Ќ секој ден седеше крај прозорецот и грицкаше парчиња сланина чекајќи ја дебелата љубена.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Зашто несреќата, ако дојде еднаш, чекај ја и по вторпат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)