чека (гл.) - автобус (имн.)

Така секому му треба помалку време да го чека автобусот одошто да оди в гаража, да го запали автомобилот што ја ќе го запали ја не, да ја извади од гаража, да ги разнесува жената и децата и да не заборави гаражата пак да ја затвори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Колку и да сум претпазлив, низ буквите и редовите се исцртуваат патиштата и станиците, и јас потоа одам по нив и запирам, го чекам автобусот во кој е веќе речено дека ќе се качам.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Дали да формирам цена според понуда или според потрошувачка на една матка, која и така е спуштена (како „абарт“) и може ама баш секој момент да испадне и да се користи како перниче, додека чекаш автобус на постојка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Го чекав автобусот што требаше да помине од тука и да ме однесе во Скопје. Да стигнам на погребот на вујко ми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Следното на што се сеќавам беше солзата на син ми која капна во супата што ја јадеше во ресторанот и направи крукче меѓу зеленчукот и тестенините.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Младичот застана токму спроти редот што чекаше автобус.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
- Луѓето кога чекаат автобус стојат еден зад друг, а не еден до друг, - им забележа човекот во сина облека.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Младичот застана токму спроти редот што чекаше автобус.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
"Луѓето кога чекаат автобус стојат еден зад друг, а не еден до друг", им забележа човекот во сина облека.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)