чека (гл.) - за (предл.)

Чудно е тоа мазохистичко чуство доброволно да гледаш нешто што те труе некогаш се чуствував ко рис во кафез ко наркич што чека за метадон ред Ебати животот контаминиран човекот станува се поизолиран заробен од теве ко теле дрогиран без сива маса и лоботомиран За неколку минути се наполнив отров со мозокот удрен ко аван со толчник ми дојде сѐ преку орган полов и почнав да исфрлам редица пцовки
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
V Во кантината со низок плафон длабоко под земјата, редицата што чекаше за ручек бавно се поместуваше напред.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не знам даливо неко друго место луѓето толку чекаат за сладолед, како овде во Варшава.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со ранец и со извалкани патики (единствено како и сега, и тогаш долго чекавме за виза пред конзулатот на јужниот сосед, што потоа се надоместуваше со едномесечни уживанции по грчките острови).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Но и покрај тоа што беше полн до врвот, ранецот воопшто не ми беше тежок за носење, и со него на грб пешачев без проблем десетина и десетина километри по жешкиот европски асфалт.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Томето занесено следеше се што се случува, и наеднаш се сети дека дома ја чекаат за појадок.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- И додека вие сте тегнеле жилави месишта и сте цвикале скиснато вино, вашите кокони во вечерни фустани ве чекале за свечен прием во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Лежиме изранети и чекаме за потаму. На брлог крпи и слама, сламарици.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се враќам дома, а трпезата ставена. Велика седи и ме чека за вечера.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)