чека (гл.) - пред (предл.)

А Фотина мртвиот в корито беше го клала; вода го потури млака што беше ја стоплила Неда, чекајќи пред малку жив да се искапи така.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Го свршував побрзо ручекот и чекав пред трпезаријата да го запрам кога ќе излегува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Јана остана да чека пред влезот. Чекањето се оддолжи. Минутите се претвораа во часови.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Има да си чекаш пред прагот и да се начекаш, грпка да ти никне како пенушка.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кучињата чекаа пред вратата. Им фрли по едно парче, внимавајќи да не се степаат, тие ги голтнаа лакомо, речиси без задржување в уста и со широко отворени очи пак се испречија пред Бојана.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе те чекам пред „Манаки“ во 15.55 часот, во петок попладне. Ако не можиш те молам пиши ми.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Жените и мажите го чекаа пред порти или го пресретнуваа на улица распрашувајќи се преплашени и жалејќи го деда Бошка што го снашло вакво зло.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Овојпат таа се предаде без да поставува барања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нејзиниот нов свршеник, вдовец без деца, со среден живот и решен да се ожени во католичка црква, ја оставил да го чека пред олтарот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)