чекори (гл.) - бавно (прил.)

Полека тргнав кон мојот дом. Чекорев бавно.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се израмни со Глигора кој чекореше бавно.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги загледував среќните лица на луѓето по улиците; во оние лица кои имаа несреќен поглед, и спуштени усни, го препознавав своето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекори бавно, се придржува за предметите околу него.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Чекореше бавно под благото сонце низ една нечиста улица кон продавницата на г. Черингтон, внимавајќи постојано да не наиде на патрола, но истовремено ирационално убеден дека ова попладне нема опасност да биде вознемирен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)