чини (гл.) - работа (имн.)

А, не чини работата, си реков јас тогаш, ама ем така си велам ем никако да ми се поверува...
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Не чини работата, сине“, последниот пат воздивна нејзиниот глас со задоцнување и со ехо.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
- Добро, господин началник... - почна Гоце да се правда, но началникот го прекина со зборовите: - Доста! Нема да те слушам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Треба да го промениш патот и да тргнеш по друг пат. Инаку не ти чини работата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)