чита (гл.) - текст (имн.)

Тавел пишуваше и детални сценарија, но Ворхол не се придржуваше до нив; во случајот на Vinyl тој дури и ги саботираше пробите, па во филмот е видливо дека протагонистите го читаат текстот од off­screen поставените табли (“idiot sheets”). Vinyl е немарен филм, немарен во својата структура, во својата иконографија, техника и изведување; полн е со немарности во однос на ефектот, такашто дури и луѓето кои го почитуваат Ворхол повеќе ги поздравуваат и ги сакаат филмовите на Пол Морисеј, во кои идеалите на вештиот комерцијализам - а тие СЕ идеали во оваа земја - прават доследен напор да забавуваат. okno.mk | Margina #15-16 [1995] 105
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Зад неа стои брат му Рафаил Давидовиќ дојден оддалеку, од преку голема вода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Авторот во недоумение, додека Рики правеше сос за макароните што ги имаа за ручек, почна да го чита текстот повеќе од учтивост кон пријателката одошто да очекуваше да биде заинтересиран од тоа што веќе го читаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ќе ти дадам толку колку што им припаѓа на девиците, двесте сребрени зузими сребро, што ти припаѓа според прописот на Тора, како и храна, облека, сѐ што е потребно за живот и ќе ги исполнувам брачните должности, сѐ според општоприфатениот договор...’ Јехуда Давидовиќ го чита текстот на нивната кетуба16 составен според стар образец на арамејски јазик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Заедничко во овие обиди се нивните ограничувања кои се јасно прикажани, и, како и самите резултати, и тие се видливи без никаква мистификација.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тоа значи дека чисто херменаутичката наука на крајот на краиштата не го чита текстот: таа чита мошне добро, но постои една точка каде што таа не го чита текстот кој не се дава за читање онака како што се дава лектира, во класична смисла.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)