чита (гл.) - дека (сврз.)

Денес можеби немаше да читаме дека некоја власт некогаш била против прикажувањето на некоја претстава и дека тоа го чинела на многу смешен и едноставен начин.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И кога Крсто не ѝ се вратил од војната во Мала Азија, и тогаш ѝ читале дека тој, Ставрос, славно паднал во Али Веран за величието, за славата и честа на Големата Мајка Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Сигурно не сакаше арогантни ликови, а него дури и на чело му се читаше дека е токму таков.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Навистина, во само две страници од самиот вовед, читаме дека тие не можат да научат нешто што не е внесено во нив, тие не можат да предвидуваат, не можат да претпоставуваат, тие само ги споредуваат облиците еден со друг, им недостасува осет за „опозитивни можности” и тие никогаш не можат да разберат дека две коли паркирани една наспроти друга всушност се спротивни. Rychlack не може да даде аргументи или фактички докази во поддршка на ниту една од своите изјави, од кои повеќето се или логички неточни или емпириски погрешни. okno.mk | Margina #3 [1994] 87 На што всушност се слични компјутерите?
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Дали оддалеку се чита дека немам кому да му виткам сармички од лозов лист и да му спремам подварок, па девојчињата дообучени од Агенцијата за вработување за тоа „Како да го погодиш вистинскиот муштерија за вистинската книга“, го положиле испитот со висока оцена и мене ме издвоиле од толпата?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И знам: од очите им се чита дека ме жалат зашто ако сум баба-девојка, тогаш само Господ Бог може да ми помогне.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И таман здивна, се окуражи и им докажа на шизиците кои ја „провалија“ дека не знае да чита дека грешат и дека има школо завршено, четврто основно, што за функцијата која ја извршува е повеќе од доволно, го донесоа на сила законот за задолжително образование... осмолетка.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А читам дека тешко се добивало кредит и уште потешко се исполнувале услови да добиеш позајмица.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, бидејќи ме чита дека мислам оти не е фер, тој се обидува да се оправда: „Дете, јас не им штетам, тревите секако ќе им помогнат, па ти не знаеш дека барем пола од нив се враќаат да ме почестат бонбониера и тоа од оние скапите, ’Гриоте’ и ’Бајадера’, полн ми е подрумот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тие луѓе од циркусот навистина го доживуваа светот надвор од нивниот круг, околу нивната одбранбена територија како опасен и чуден; сум читал дека сите животни имаат таква одбранбена зона, и дека таа се движи од неколку милиметри кај мравката до три метри кај лавот; тоа дресерите на лавовите добро го знаеја, и должината на нивниот бич беше токму толкава колку што изнесуваше „забранетата зона“ за влегување во просторот на животното.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Од друга страна, читам дека нова надеж се отвора – ако ништо друго за Америка: една фирма успеја да најди нафта во Саудиска Арабија после многу неуспешни проби. Во близина на градот Дамам во персискиот залив.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Ми читаат дека во Југославија има масовно движење против курсот на Тито.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во таа програма исто така читаме дека чо­векот мора да почне да ги разбира животните не како не-антропоморфно Друго, туку како свое алтер- его.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Сум читал дека многу кози натоварени со бомби околу себе биле ис­праќани во непријателскиот фронт за време Првата светска војна! – Остави ги тие глупости!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Кога читаме дека козата е закоравен непри­јател на социјализмот, или „смртта на козите – слобода на народот”, го насетуваме не само апсурдот на проблемот но и чувството на комичното што произлегува од поимите кои никако не се соодветни!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Една вечер, кога се враќав дома, ме пресретна еден господин со цилиндар на глава, на возраст од околу четириесетина години.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во туристичките проспекти читаме дека Ајфеловата кула е висока триста метри, на тоа додај ги дваесетте метри радио- антена.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тие се толку ретки. Чита дека снежниот леопард јаде цицачи и птици. Осамено живее.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не сосем доволно за да види како првата плоча му станува платинеста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку долго живее? Дваесет и пет години.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)