чувствува (гл.) - тој (зам.)

Сите апчиња во мојот живот Ги паметам малите зрнца од „Б комплекс“ што ги крадев додека мајка ми не беше тука и сè уште го чувствувам тој горчливо-сладок вкус во устата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа, ако одиме по ред, какво е тоа однесување: во онаа збрканост и мешаница што се случила на пристаништето да си го остави детето само на улица, па дури и да му го покаже патот кон првиот брод!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако ништо друго барем да го ослободи од непотребната загриженост, а и од обврската што ја чувствуваше тој кон неа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Нејзиниот поглед имаше продолжено траење и тоа само во дел од мигот по кој се враќаше назад со нешто одземено од мене како зрнце песок (скриена или заталкана мисла, спомен, копнеж, што ли?), а времето беше прекратко за тоа задоволство бидејќи веднаш потоа повторно го чувствував тој допир на погледот според ритамот на отворањето и затворањето на нејзините клепки (сфатив кога веќе станавме едно, дека таа знаеше да ме гледа и со затворени очи и ми велеше дека ме гледа не како што ме сака, туку ме гледа таков каков што сум, и дека таа таков ме сака) и сè така во продолжено траење, а јас бев сигурен дека ваквиот поглед беше упатен само кон мене и дека само за мене тој можеше да биде таков со нијанси на галовност во допирот кој во тој момент беше физички, или така ми се чинеше, кога веднаш потоа или можеби во тој ист миг ќе ја почувствував мекоста на нејзините ситни прсти во таинствена игра на моите слепоочници.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Дури и кога не ги гледаше, им го чувствуваше тој нивни поглед на неа исполнет со страст.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сè што чувствуваше тој, сета наталожена темнина во него, со сопствените прсти во светлина ја претвораше, ја редеше врз делото што го нарече Оној-што-се-пресоздава-себеси.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Гледаш со половина окце, повеќе го чувствуваш тој мир, таа чудна промена. Општа глувост.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)