чувствува (гл.) - задоволство (имн.)

Доколку не чувствуваш задоволство веднаш престани, луѓето насетуваат дека веќе не се трудиш да ги продлабочиш нештата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Цицај, смукај, Снежанке! - шепотеше момченцето, чувствувајќи задоволство дека може да му помогне на тоа мало немоќно суштество.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Нашата „современост“ почнува на нов начин да го гледа „минатото“. (...) Секој кој повеќе му се радува на континуитетот на човечката историја отколку на нејзиното драматично распаѓање, чувствува задоволство кога гледа како среде тнр. техничко столетие се кристализира нешто како модернистички традиционализам! (...)
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Кучето во тоа претрчување си наоѓа игра и чувствува задоволство од тоа што го галат, и продолжува така да претрчува, дè кај еден, дè кај друг.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се вработи во Ветеринарната станица во градот, наутро одеше на работа, навечер се враќаше, но сето тоа го правеше без волја, не чувствуваше задоволство од работа со ајвани.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)