чувствува (гл.) - топлина (имн.)

Погледна надолу кон градите, едвај веднејќи ја брадата поради крутоста на подмрзната униформа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ја стави раката, сè уште во волнена ракавица, на градите, таму од каде што ја чувствуваше топлината и сети како прстите му допреа нешто влажно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но за мене посилна и повпечатлива беше една друга појава, забалежав дека Калето, што во изминатите денови можеше и со раката да се дофати, сега наеднаш се беше оддалечило!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го фрлил догорчето зад себе без да внимава каде и веќе ја чувствува топлината на пламенот што зад него пустоши, но тој не се ни свртува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Под дланката чувстува топлина. - Гори, има оган... - повтори и немоќно погледна наоколу.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И штом помислив така, се почувствував мал, зашто одеднаш пред мене чиниш се појави таа и ме гледа со своите големи сини , тивки и насолзени очи; ја чувствував топлината и горчината на мајкините солзи. Многумина како мене свртеа глави и многумина како мене се засркнаа од липање.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Хеликоптерот на „Хосака” се враќа, без светла, лови на инфрацрвено, ја чувствува топлината на телото.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)