чувствува (гл.) - во (предл.)

Што да кажам, како се чувствував во тој момент на откривањето на кутијата? Јас, значи, еве, имам длабоки корени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Навистина сакавме да го правиме тоа, така имавме впечаток дека најпосле успеавме да комуницираме со луѓето.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Прекрасно се чувствував во тоа време, ми се чинеше дека можевме да направи­ме сè што ќе посакаме.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Судбината на невидениот јунак чие присуство го чувствуваме во текот на целата сторија, за посетителот станува недвосмислено јасна: детето и целото негово семјество се брутално однесени од домот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И тука се потврдува: трагичната еклиптика посилно сведочи одошто непосредниот говор на појавите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Колку и политиката да игра улога во економските односи на едни земји со други земји, на едни блокови со други, тоа како да не се чувствува во Лајпцишкиот велесаем.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Всушност, живеев близу LaBrea јамите со катран.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Грот: Што мислеше и чувствуваше во овој период додека ги работеше сите тие бедни работи?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Не се работи за описи на градовите туку за симболички печат на урбофилијата којшто во современата книжевност непогрешиво се чувствува во непрегледната низа на големи писатели - кај Џојс, Пруст, Музил, Кафка, Бели, Симон, Ман, Вирџинија Вулф, Брох, Рилке, Дарел, Борхес, Калвино, Фаулс, Еко, Криста Волф, Буцати, Пинчон... (На поинаков начин урбофилијата ја обележа и мислата за книжевноста - на Адорно, Блох, Сартр, Башлар, Барт, Дерида, Фуко, Лакан, Лиотар, Бодријар, Слотердајк...) Урбофилијата ги соединува книжевните градови во еден урбопоетички свет на Лондон, Даблин, Рим, Петроград, Александрија, Париз, Виена, Берлин...
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Влијанието на мас медиумите подиректно се чувствува во филмовите отколку во книгите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, сега, во оваа, соба се чувствуваше во вистински ментален затвор.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ти велев јас, утре ќе дојде снегот, го чувствувам во носот, во колената, а ти - не, рано е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Го загрижуваше нешто друго. Нешто што сѐ поизразито се чувствуваше во воздухот, ниски облаци, како капа, седеа над Чукарот, некаде во височините над долината се чувствуваше невидлива брканица на ветровите, а во воздухот веќе можеше да се насети близината на снегот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А што се однесува до третиот период, ми се чини дека токму го проживуваме, тој се чувствува во текот на нашите шеесети, преку седумдесетите и денес.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Може да биде облачно претпладне во јули: Вкус на пепел може да се чувствува во воздухот; може да се насети и мирисот на дрвото што се топи на огништето; да се почувствуваат натопени цвеќињата; да се прошета усаменички низ опустошени шеталишта...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Се чувствував во балканската варијанта на кафкијанскиот Процес.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Требаше да се згасне огнот од ракијата што го чувствував во себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
По извесна пауза, Џон и Ен започнаа нова рунда на обвинувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повторно морав да ги прекинам, објаснувајќи им дека разбирам како се чувствуваат во врската и дека понатамошни демонстрации за тоа нема да бидат неоп­ходни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Срцето силно ми биеше и неговото тропање го чувствував во вратните жили и во слепоочниците.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Го слушав шушкавото дишење на Кузман и ја чувствував в ноздри неговата млака пот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Срцето ми биеше силно и брзо. Го чувствував во сите свои дамари.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Но тоа само така изгледаше: бездомниците уште повеќе се чувствуваа во градот.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А судбината не се појавува туку само се чувствува во вид на невидливо присуство.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прераскажувајќи му го животот на она трето лице за кое самиот себеси се смета, чувствува во последно време чудна осаменост во оној дел од внатрешноста, кој за жал не може да се опфати со обично зборување и кој, на необјаснив начин започна да се исполнува со празнина и тоа таква, што го поттикнува да чувствува сомнеж.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Еден блок понатаму поминав покрај пар гаќи што лежеа во еден вир и забележав дека беа моите; ми испаднале од задниот џеб додека трчавме кон твојата куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги оставиив така, прашувајќи се дали утредента ќе ги видиш и препознаеш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 187
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Попријатно беше пешачењето до станицата Е1 чувствувајќи како дождот ја мие песокта од мојата коса и нозете, додека тој единствено се чувствуваше во препоните на кратките пантолони и со секој шмрк на чевлите.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Насетуваше дека е само прашање на време кога нозете ќе го издадат и ќе почне да се тетерави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со болката што сега јасно ја чувствуваше во градите, чекорите му стануваа уште потешки низ длабокиот недопрен снег.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Чуварите ги палат купиштата на ланското лисје, чадот се чувствува во празните алеи.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Почнуваат да зазеленуваат крошните на кестените, се облекуваат липите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Многу сум среќна и сигурно се чувствувам во земјава во која законот се применува неселективно... за сите, без исклучок. А, така и треба, нели?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Иако Рада никогаш не му се пожали за односот на неговата мајка, Томо тоа несогласување го чувствуваше во воздухот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Изгледаше дека тој чувствувал во полна мера дека направил значајна работа и дека наеднаш ја покажал бездната што ги дели шивачите кои ставаат само постави и прават поправки од оние што шијат ново.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ама мама ме тегнеше за ракавот, веќе речиси немаше луѓе во ложата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вредеше да се навалиш на оградата на мостот и да чувствуваш во ушите како се крши мразот таму долу.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Џон веднаш го поврзува ова чувство со она што често го чувствувал во присуство на татко му, перфекционист, критичен, претерано сериозен човек, со кого се натпреварувал, но и од кого се плашел.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Го чувствувам во битието на детето во мене. Зрачи со добрина, благост, љупкост.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тој, чувствувајќи дека таа сѐ повеќе се отуѓува од него, та кога ќе седнеа на масата да јадат и кога ќе го почувствуваше присуството на Богдана на масата, ја брецнуваше чинијата со јадење и стануваше да не го чувствува во близина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Чувствувајќи во себе безживотна разлабавеност и смекнатост, се заврте и извлече од џеб долга батерија.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Источната мистика и христијанството силно се чувствуваат во неговите дела.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Гледајќи во небото, дишејќи длабоко полека ги затвори очите и само ја чувствуваше во себе убавината на чувството кое ѝ се разлеваше низ телото и целосно ја обземаше секоја нејзина пора, продирајќи до сржта на целото нејзино битие. Чувството на љубовта и нејзиниот бескрај.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Томето само молкум климаше со главата, дишејќи полесно и чувствувајќи во секоја пора од нејзиното тело огромно олеснување дека нејзиниот Перо не ѝ е љубовник на опасната убава Атина.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Се чувствував во мисијата како човек да продолжам да ја следам судбината на овие луѓе со кои ме поврза верно пријателство...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повторно го одложив пишувањето на вистинскиот одговор на писмото на Мајка, каков што таа го заслужуваше, да го заслужам спокојот во нејзината душа кој недостигаше во мене, а јас тоа силно го чувствував во себе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Собрав сили и искрено, како што чувствував во тие мигови му одговорив: - Има книги, почитуван Претседателе, кои се пластат во вас со години, се пишуваат во вас.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го наследив неговиот немир кој се чувствуваше во растреперените прелистувани страници, во тајните записи, закопани некаде близу во земјата, како на вистински закоп Чунот кој нѐ спаси таа немирна есенска ноќ, макар што ја мина границата вардена од подводниот змеј, според татковата навигаторска стратегија во животот, не престануваше да броди во имагинарните балкански немирни бранови.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ми се поставуваа нови загатки за разврска многу, многу време по моите дипломатски години, по мисијата во земјата која не постоеше, во земјата која се мачеше да постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Следејќи ги реформите на Ататурк во Цариград, Татко се чувствуваше во дното на својот идентитет, како можен неојаничар кој требаше да се најде во ешалоните на Ататурк.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во моментот кога ја виде како паѓа врз врзаната рака, му се стори како нејзината болка да ја чувствува во сопственото тело.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Колкава душевна болка чувствував во тие мигови.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
—Како се чувствувате во врска со тоа?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Срцето го чувствуваше во градите како растреперено пиле... Секој момент ќе излета...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Следните денови, Карл и самиот се чудеше колку убаво се чувствува во домот на овие четири жени... Како отсекогаш да бил тука.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Ја немаше вообичаената живост, тивкото задоволство што ќе го чувствував во гласот, кога неколку пати пред тоа ѝ се јавував од Арл.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка Ервехе најсилно го чувствуваше во душата резот на границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првиот удар со чеканот и глетото на него, му ја возбудуваше душата, трептеж чувствуваше во рацете, во снагата; зашто првото удирање беше почеток на милионските удари што потоа ќе уследеа за да се оформи каменот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Почна пак најудобно и најсигурно да се чувствува во својата љубов кон Германија.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Пријатно се чувствуваше во градската атмосфера што повеќе ја надградуваше во своите мисли одошто таа беше вистински градска откако во градот се сјати огромна маса селани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А потоа не ја гледаше таа жила туку ја чувствуваше во секој дел на нејзиното тело.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Како се чувствуваше во тие нови околности за разлика од оној ден кога нестрпливо го очекувал потврдниот одговор на жената која веќе му ги имала испратено првите знаци на љубовта?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Те знаев оној Коста што никогаш не се плашеше китката гранати да ја спушти во бункерот преку пушкарницата и кој прв стигнуваше до непријателските жици...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ти, изгледа, добро се чувствуваш во џипот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можеби затоа најсигурно се чувствуваше во минатото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Далеку, далеку, никогаш да не го престигнеш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Правев сè што ќе ми речеше, огромни болки чувствував во главата, вртоглавица ме обземаше кога станував, но го правев тоа за да не му го расипам тоа негово соживување во тоа,таа негова радост што му ја гледав...“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Наведениов пример, типичен за тој тип на единствени искуства што можат да се појават, е поинаков кај секоја личност, и укажува дека визуелно и на други начини забележаната околина може да влијае на тоа како некој се чувствува во одреден момент.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Се чувствував во целата земја како во стапица, во земјата во која беа закопани сите таткови соништа за враќање.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И кога татко ми конечно се реши, поради опасностите што ги чувствуваше во времето на фашизмот, да го напушти родниот Поградец, тоа ќе го стори за сметка на егзилот крај нови води.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ги знае од дете, чувствува во себе, патот го гледа и при чекор напред и при чекор назад, останува верен на себе, и во тешкотија содава, дури и во беда.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ЈАКОВ: Тоа се чувствува во утробата.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тоа нешто кое го знаев на самиот почеток, а реагирав според тоа што го чувствував во моментот дека треба да го правам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)