чувствува (гл.) - под (предл.)

Но, онаа нежност без размислување, што ја чувствуваше под лесковиот џбун, додека го слушаше пеењето на дроздот, не му се врати сосем.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Лицето му беше модро и натечено. Ги чувствуваше под јазик, расклатените заби и крвта засушена на врелите испукани усни.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се држел за грло како да се брани од удар на невидлива коса; во устата, место предните заби, чувствувал под јазикот празнина.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мртви, тоа вие ли ја прославувате грижата за живите со нивни гласови?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)