чувствува (гл.) - негов (прид.)

Или се уште беше присутен тој потсвесен страв да не ја налутиме со нешто.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во моментите кога не можам да издржам помислувам на овие негови зборови... и тој е тука до мене, и ја чувствувам неговата рака на рамото, се издишувам и одам понатаму!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Речиси, никогаш не ме болеше неговиот допир со памучето намокрено во ракија на моите расрквавени колена со кои ги стружев рапавите улички во Мичурин, најмалку еднаш во неделата.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Сѐ уште го чувствувам неговиот топол здив на вратот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бојс ја поставил Kleve Ausstellung von Ausstrahlung, “Клевската изложба на зрачење”) Телото, се разбира, секогаш било фундаментално за уметноста и тоа повеќе на еден метафоричен начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Понекогаш го охрабрувал стадото да создава сопствена топлина, како тогаш кога рекол дека “секој човек може да биде уметник”, а понекогаш го прекорувал поради тоа што не ја чувствувал неговата топлина врз себе - што е проекција на неговите чувства за родителската рамнодушност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во неговата уметност, значи, се префрлувал напред- назад помеѓу улогата на овчар кој се грижи за стадото - извор на топлина - и на стадото на кое му е потребен овчар за да се стопли.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Зборувајќи за wie man dem toten Hasen die Bilder erklart (Како да се објасни слика на мртов зајак, 1965), Бојс кажал дека повеќе сака да му зборува на мртов зајак поради тоа што публиката според него не е доволно жива и не го сфаќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Односно, таа не води грижа за него, или за себе, ниту ја чувствува неговата грижа за неа. Конечно, Бојсовата уметност била неделива од неговото тело и сликите на неговото тело. okno.mk | Margina #11-12 [1994] 97
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уметноста за него била средство за преправање на телото и сликата за себе која зависи од телото - и на тој начин да ја преправи уметноста, повторно да ја вкорени во телото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Колку што чувствуваше неговиот професор и ментор дека му се измолкнува од рацете, толку повеќе Миха уживаше во својата слобода, кога барем ќе ги одбира оние авторитети, свои авторитети, на местото од оние што му ги наметнува фамилијата и кариерата.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во почетокот Баге ништо не се сомневаше, но колку повеќе чекореа во таа насока без врска, а со секој понамерен чекор на неговата врска, Баге го чувствуваше неговиот стисок на мишката безмалу како оков што стега.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Веќе копнееше за човечки збор, за нежна мајчинска грижа, за топлиот светол дом, за училиштето кое сигурно веќе почнало да работи, за другарите кои го чувствуваат неговото отсуство и ги пече неговата неизвесна судбина, но колку повеќе им се предаваше на мислите, колку повеќе се пушташе тие да го водат, толку повеќе го разјадуваше немирот, па стана, иако уморен, се фати за секирата и го почна својот двобој со Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Бегав, бегав, бегав, на вратот го чувствував неговото дишење а истовремено ми приоѓаа во некои чудни видливи но безгласни глупостите смислени само за да ме измачуваат, како на пример: „А не знаеш, нели, кој ден сме денес?!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или: „Човекот дали смее да е скаран со времето!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И наеднаш сфаќам дека всушност јас сум творецот - обликувач на глупавите прашања, и дека со нив всушност настојував да ја омаловажам загриженоста од ситуацијата во која се наоѓав.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или: „Колку е можно грешката да прерасне во грев кога намерно ќе ја сториме!?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Понекогаш, кога излегувала од својата неподвижност, Клара бегала од дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги знаев тие нешта, и самата гледав како Клара се себеизмачува во својата затвореност, но сепак го слушав Густав со внимание, затоа што ја чувствував неговата потреба преку зборување да се ослободи малку од тегобноста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Градите ни се допираа пред да ни се допрат усните, си бевме толку блиску што ми изгледаше дека од целиот свет постојат само очите на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го чувствував неговиот здив на своето лице и чувствував како градите бујно ми се поткреваат, како и неговите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој лежи смирен и силен и го чувствува нејзиното присуство крај себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа лежи смирена и нежна и не го чувствува неговото присуство крај себе.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Градините на кои работел станувале цветни мозаици, се чувствувало неговото присуство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Образот ѝ беше толку блиску што речиси ја чувствуваше неговата топлина.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зборуваше дека е свесен за целата ситуација, дека ја прифаќа вистината, но иако се јавуваше од далеку го чувствував неговото подголтнување кога зборува, го чувствував трепетот на неговиот глас.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Оваа дива желба да го одржи вниманието по секоја цена и, како што тоа самиот го вели, да го создаде, а потоа да го сочува возбудувањето за да ја одржи напнатоста, ги прави неговите филмови многу посебни и неповторливи, бидејќи Хичкок врши влијание и доминира не само врз силните моменти во приказната, туку и врз сцените од експозицијата, во моментните сцени и врз сите инаку вообичаено неблагодарни сцени во филмот силно се чувствува неговиот „ракопис”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оној кој е подбркан од судбината, независно од тоа кој пат ќе го искористи за да исчезне, не може да се ослободи од прогонувачот, постојано ќе го чувствува неговиот здив на вратот, дури и тогаш кога тој прогон ќе го прогласи и за проклетство што којзнае како му се присламчило па во чекор го следи, барем така го чувствува лично тој иако знае дека помеѓу него и прогонувачот се протега добар дел од пуста и неосветлена улица.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Таа како да настојуваше да го замени присуството на мојот татко, кога јас најмногу го чувствував неговиот недостиг во моето пишување.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
3. Оддалеку го чувствував неговото пловење: крилјата здивот летот Водениот мирис.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Сепак, постепено сѐ повеќе почнав да го чувствувам неговиот немир.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)