чувствува (гл.) - никаков (прид.)

Се прашуваше неодредено дали во укинатото минато било нормално да се лежи вака в кревет, во свежината на летната вечер, маж и жена без облека врз себе, да водат љубов кога ќе посакаат, да разговараат за што сакаат, без да чувствуваат никаков порив да станат, едноставно да лежат и да ги слушаат спокојните надворешни звуци.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, во суштина не чувствуваше никаква физичка возбуда, освен онаа од обичен контакт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И обајцата, Татко и Камилски, крај нивните обединете обединети и ширум отворени книги за балканските јазици и балканското јаничарство, не чувствуваа никаков замор и беа свежи и орни да го продолжат својот долг разговор, небаре најдени пред нивната духовна еурека спроти целосниот блесок на сонцето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Чудно, не чувствувам никаква болка, само бес. Кон него или кон самата себе?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше како некој човек на кој му беше извршена голема операција и кој се освестил од етерот, а сè уште не чувствува никаква болка и не знае ништо освен дека проблемот е решен и дека со нетрпение чека да живее онаков живот каков што живеел пред да се разболи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку крварам, но не чувствувам никаква болка.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Маргина 37 71 Тој не чувствуваше никаква, дури ни само логичка врска помеѓу себе и оние што беа останале луѓе; тие му изгледаа како суштества од друг свет, уште подалечни отколку што порано - за време на животот - би му изгледале марсовците.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот рамнодушно забележа дека луѓето веројатно го гледаат како тој да е човек, но тој нив ги гледа и разбира сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На ниту едно место во расказот Пол не искажува ниту најмала сексуална заинтересираност за никого од својот пол (ниту пак кон некого друг, ако е за право).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тој не чувствува никаква привлечност кон други луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Е, а сега, од Загреб, пилотот ѝ напишал долго писмо, со безброј чуденки и други знаци, со многу грди самообвинувања но и со дефинитивна одлука дека не треба да чувствува никаква обврска кон него, како што и тој себе си сега се сметал за слободен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Најсетне и тој сфатил дека бракот и сличните глупости можеле многу неповолно да се одразат на неговата кариера; дека ова можеби звучело по малку и неодмерено па дури и себично но тој бил уверен дека правилно ќе ги сфатела неговите причини бидејќи била полна со разбирање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Никој и никогаш не би можел да ме испрашува за тоа.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не чувствував никаква потреба да научам нешто на универзитет за тоа како да се чита и што или како да се пишува.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)