чувствува (гл.) - понижен (прид.)

Сѐ е некако мистериозно и тука се нуди евтина забава за многу франци и секој што ќе излезе од овие вертепи, се чувствува понижен, излаган и индигниран.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Овде се чувствуваше понижен. Му се гадеше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
8. Следбениците мораат да се чувствуваат понижени од очигледното богатство и моќ на своите непријатели.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во извесна смисла, се чувствував понижен и отфрлен од сите: не учествував во нивниот обред кој ме возбудуваше и ме примамуваше; не пеев дури ни народна песна; не играв оро; не читав патриотски рецитации; јас бев паузата на нивниот обред, обичен кловн што, искачувајќи се по скалите потпрени на небото нема никакви докази за неверството на својата Петрунела. ***
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)