чувствува (гл.) - сам (прид.)

Го убедував да го утешам дека одраснал и меѓу нас, немуслимани, и дека нема зошто да биде, да се чувствува сам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За да ја отстрани сосем таа неспокојна мисла, почна да вика, да свирка, предизвикувајќи ги на тој начин од далечина своите кучиња, Караман и Стрела, кои останаа крај колибата, да лајат и со тоа барем до превалецот на Гола Глава да не се чувствува сам.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Лука Карер знаеше дека нивниот потег е многу ризичен и дека во животна опасност ги вовлекува и семејствата на оние чесни луѓе што прифатија под својот кров да ги примат прогонетите сограѓани.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не нѐ оставате да се чувствуваме сами. Денес е најужасно да се чувствуваш сам.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се грози тој од пијанството, го сака само она леко заматување на погледот, кога душата почнува поживо да се чувствува сама себе.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)