чувствува (гл.) - твој (прид.)

Татко ти и јас постојано го чувствуваме твоето отсуство. Куќата ни е страшно празна без тебе.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја чувствувам твојата болка без рана, изгазените мечти, прекинатиот лет, растуреното гнездо и надежните соништа одвеани со ветрот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Секогаш го чувствувам твојот воздух околу мене и во мене, и ме навраќа на првиот миг...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Само што фрли поглед кон мене допрев до твојата мувлосана душа и можеби изгледа немилосрдно во неа сакав да направам масакр Велиш дека сум недостоен за тебе конечно за нешто да бидеш во право влегов во твојата самобендисана душа и сакав безмилосно да направам масакр Се плашиш од смртта ко ѓавол од темјан но не знаеш дека си одамна мртов го чуствував твојот трулеж одвнатре и повторно сакав да направам масакр
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Во дозорните непроспиени ноќи, ги чувствувам твоите врели солзи како ме печат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако јас морав цел живот да ја чувствувам твојата јамка, не мора и таа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- И без да ми се обратиш со збор, ги чувствувам твоите воздишки!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)