чувствува (гл.) - силно (прил.)

Тоа дувало силно, уривајќи ги дрвјата и куќите, но се чувствувало силно додека не стасало до една огромна карпа, која не можело да ја турне.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
А за нас, децата, границата, всушност, и не постоеше, неа ја чувствуваа силно Мајка и Татко држејќи ги нашите животи во нивната заедничка прегратка, во прегратката на надежта дека ќе ја минеме границата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Личното име - кралевско, како на големиот Тостој, татковото – како да сум од семето на генијалниот страстник, а ова презиме, дјевушка, го носеше оној таинствен поет за кого Пушкин рекол оти мислел, но и чувствувал силно и длабоко. Слично на мене, зар не?“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но, она сеќавање сѐ уште се движеше по рабовите на неговата свест, нешто што се чувствува силно, но не може да се сведе на одредена форма, како некој предмет виден од аголот на окото.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)