чувствува (гл.) - толку (прил.)

Чудно е како пак и пак и сѐ уште попаѓам во состојби на размислување што, кога тоа ќе го сфатам, ме прави да се чуствувам толку бедно.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога пред неколку години го посетив нивниот гроб, не се чувствував толку тажно, колку надреално.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Никогаш дотогаш железничарот Круме не се чувствувал толку виновен пред својот прв син - дури ни тогаш кога го испраќаше острижен во туѓа војска, за да си го намали товарот на куќата за една уста.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Па сепак, не се чувствуваше толку неудобно или барем времено надвасан, за да се откаже од плетеното билначе во кое уште се клацкаше ракија на дното.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Додека беше надвор, додека се бореше, додека се надеваше на нешто, иако преплашен, не се чувствуваше толку осамено, толку безнадежно.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но таму тој не би се чувствувал толку безбеден и не би можел спокојно и сигурно да нишани во нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Таа побара да го сторам ова: Кога веќе се чувствувам толку многу истоштена не е лошо да се сместам поблиску до прозорецот, рече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А потоа, кога го наместив креветот и кога и помогнав да легне, не пропушти да ми се насмее: А прозорецот не затворај го.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако бев задоцнил само за неколку секунди, или ако срнчето истрчаше пред првите удари на Орде, сега не ќе лежеше мртво пред моиве нозе, а јас немаше да се чувствувам толку тажен.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Таа одбива да ги отфрли како несериозни патетичните видови на страдањето – како преувеличени, фантастични, страсни или наивни, да се послужам со речникот на Зонтаг – кои не можат да дораснат до степенот на трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Општествената и емоционалната неавтентичност можеби се во средето на визијата на трагедијата за светот, но тоа е погубно за трагедијата како форма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Со тоа ги повикуваме оние што би сакале да се удостојат на наша сметка да нѐ обвинат дека уживаме во кич. ‌Ако мелодрамата си ја навлекува етикетата „кич“, тоа е затоа што доброволно тргува со сентименталноста.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Мелодрамата е буржујскиот наследник на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
За разлика од трагедијата, мелодрамата не мора да си ги правда екстравагантностите.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако публиката некогаш се посомнева дека драматичните екстравагантности на трагедијата не се сосема оправдани, дека дури се и малку од малку претерани, дека високиот степен на емоцијата што го издвојува трагичното чувство, кој го воздигнува до височините на возвишеноста, не е сосема мотивиран – да скратам, дека страста не се чувствува толку, туку дека се лажира или се изведува – тогаш трагедијата веќе не предизвикува соодветно трагично дејство и се разводнува во мелодрама. ‌Мелодрамата, од своја страна, се врти само околу одигрувањето на екстремното чувство и нагласката ја става врз изведбата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
А бидејќи патетичното страдање со кое се гордее од самиот почеток е осудено да мине во очите на повластениот и невнесен гледач како „изнасилено“, како претерано или театрално, мелодрамата нема што да ја плаши впечатокот дека емоциите што ги поставува не се сосема автентични, дека не се чувствуваат толку колку што се изведуваат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ако трагичното страдање некогаш се доживее како чиста изведба или имитација на страдање, ако излезе дека архетипските трагични судбини се некакви театрални улоги, тогаш трагедијата нужно ќе трпи загуби во смисла на потврда, на општествено признание и ќе го загуби авторитетот на носител на егзистенцијална вистина.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гладот и жедта Еразмо веќе не ги чувствуваше толку силно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ни се прилближуваа фарови, се прекрстуваа рефлектори, се вртеа сини светла додека надоаѓаа полициски возила.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Можев да видам како други љубовници, фатени под светлата, бегаа гологази низ расфрланото ѓубре оставено од ордите а измамнички сокриено од ноќта.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Одтрепкувајќи го слепилото, се стркалав од твоето тело сопирајќи се на коленици и се чувствував толку беспомошен колку што само разголеноста може да те направи.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Устата ми е вкочанета, јазикот сосема мртов, а јас упорно се обидувам да ги забодам забите во долната усна, како да е тоа нешто што морам да го правам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Моето трето око е осветлено и се чувствувам убаво, бескрајно среќен, како да сум на Екстази, се чувствувам толку среќен што тоа морам да го поделам со вас, сакам да ви кажам сѐ, сакам да знаете сѐ за мене.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Многу работи можев да ти дадам што ќе ми побараше, но воздух не можев да ти дадам, се чувствував толку изгубена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Едо се чувствуваше толку омрцлавен што одвај ја поднесуваше тежината на сопственото месо врз сопствениот скелет.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се чувствуваше толку омалодушено што помамата кон којашто го влечеа нејзините гради не успеа да го повлече.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се чувствуваше толку збунет што не му остануваше време да се обиде да сфати што всушност му се случува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се насмеаја, и додека ја прегрнуваше таа чувствуваше толку убаво што знаеше дека венчавањето ја ослободило од грдотијата, како што блескавиот меч се ослободува од кориците.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се чувствувам толку слободно, толку неограничено.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)