чувствува (гл.) - и (чест.)

„Осаменоста ја чувствувам и со тебе и без тебе„, ми рече.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
За момент седам збунет. Се чувствувам и навреден. Навистина, што сака да постигне иследников?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттогаш, земјата на Клементина ја чувствуваше и како дел од својата мајковина.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Циљка со променет глас, во кој се чувствуваше и жал и прекор, ја фати нишката на своето раскажување и на сите им се стори дека во земјанката подувна некаков друг ветар и дека други звукови ја исполнија целата просторија.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А беше сигурен дека исто така како него пред да се засолне зад чамот се чувствуваше и неговиот побратим кога го нишанеше на најблиското растојание и кога не го погоди.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)