шепоти (гл.) - благослов (имн.)

Трепери сето тоа величие на најсјајните делови од јудаичката историја, пред очите на њујоршкиот рабин.  Во својата визија ја посведочува првата служба на Бога и додека ја гледа со моќта на фантазијата, шепоти благослов.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Жената, со топли дланки врз распупените дојки, шепоти благослов за неговото неизвесно патешествие во царството на чкрапјите, влакнестите пајаци, лукавите аждери.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)