шепоти (гл.) - во (предл.)

Зарем јас би се понижил некогаш да правам чуда како него?...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Осветленото кафуле беше нуркачко ѕвоно со пресечен кабел, кое бавно тонеше во црните длабочини. (...) Издркај го, фантомите врело ти шепотат во ушната школка...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Болен сум, значи“, си шепоти во мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Вториот глас, овој пат ќе го премолчам. Беше толку злонамерен што веднаш решив да го тргнам од умот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Молчи“, ми шепоти во едното уво Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нели, чудна шега на оној што ми шепотеше во увото?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Почитувај ја нашата помош. Заборави дека смееш да влегуваш во расправии.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во другото уво го слушам шепотот на Боге од Бањи: „Баш убаво ја имаше смислено!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се наоѓаш во ситуација кога само молчењето може да ти помогне!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Меѓу двете поминувања на камионите, наспроти забраните и заплашувањата, некои скришум се искачуваат до горе, до превалот и од таму, гледајќи ја големата вода, а преку неа високите врвови на сивите планини, си шепотат во себе и покажуваат со прст еден на друг, велејќи – “Ене, онаму е нашата дома”.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ова се случи пред две недели за време на бурата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Го бакнува на образот и му шепоти во увото, „Се викаш Лебед. Се викаш Мов. Се викаш Чао.“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Што си мислиш?“ прашува Далтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Знаеш“, слушам како некој ми шепоти в уво, „јас имам сосема малку доверба во тебе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се увери дека сите затворенички спијат, болничарката се доближи до креветот на Марија и ѝ шепотеше во увото бесрамни нежности, додека ѝ ги бакнуваше лицето, вратот напнат од страв, здрвените раце, парализираните нозе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Летото пристигна без посебни најави во првите недели на јуни и требаше да се преземат итни мерки, зашто за време на мисата, задушувајќи се од топлина, болните жени почнаа да ги соблекуваат своите зимски облеки од етамин.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Во право си“, велам, „тоа е вистинска срамота.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога се најдов со него на вишинката на кај манастирот Свети Наум и му го покажував родниот Подградец, во кој не бев стапнал 37 години по моето заминување и за ноќта кога ја минавме невидливата граница под Езерото, Махмуд Дарвиш внесено, и со поглед претопен во синевината на Езерото, ја слушаше мојата вистинска сказна за змејот и границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За светите книги со кои ја минавме границата. За молитвата која ја шепотевме во тишината на ноќта.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Треба да му речам дека не е вообичаено да се шепоти в уво, да се прават кисели лица, да се разменуваат таинствени насмевки и тоа во присуство на својот шеф.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Миличок - Катерина продолжи да ми шепоти во увото - зарем не забележуваш дека ги злоупотребуваш ваквите сериозни моменти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам кому му се потребни твоите тривијални досетки!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓу двете поминувања на камионите, наспроти забраните и заплашувањата, некои скришум се искачуваат до горе, до превалот и оттаму, гледајќи ја големата вода, а преку неа високите врвови на сивите планини, си шепотат во себе и покажуваат со прст еден на друг, велејќи: - “Ене, онаму е нашата дома”. 2 МАЛКУ НАСТРАНА, под стрмниот рид од кој постојано се ронат камењa, во дотраена барака, беа сместени падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А тој Генерал излезе толку глупав, не сфати до последен час дека Сузи и мене ме сака.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И замислете си, госпоѓо Рајна, ми шепоти во увото тој влакнест луд Ракоткин, Сузи му беше гордост на Генералот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Па велам: во себе пеј штом дојде топла како река со мирни брегови со месецот што шепоти во пристанот на мислите И не викај и што е твојот глас штом ноќта интимно те грее: молчи молчи
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Во времето кога го одбивав второто парче месо, стравот за мојот стомак драматично се зголеми, што се одрази со повторен бран препотување.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Се разбудив по нешто повеќе од еден час од нервозните шепоти во ходникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)