шепоти (гл.) - на (предл.)

Се слушна себеси како ѝ шепоти на Марија. Сосема благо. Обидувајќи се да делува смирено. Спокојно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Некои, пак, со пријателска и строга доверливост му шепотеа на кметот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тихо ѝ шепоти на Малинка: - Ама му се големи рацете! Ама му се извалкани!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Долго во ноќта, Мајка, дури и низ молкот, му шепотеше на огледалото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Нашиот режисер постојано нешто запишува, во божемниот дневник, а актерот нешто ѝ шепоти на актерката до себе.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пред Арсо Арнаутче се отворала со омајност златна и сина и сочна синоличка, и тој, од името на својата машкост што му била дадена од господа, можел само да се наведне под пролетна месечина и со жед на пустински камилар да срка пелур, потоа пијан од цветно вино да се закопа со чело во треви и да ѝ ги шепоти на земјата тајните на љубовта; во тој миг можел да биде уверен дека од земјата ќе шурне сребрена вода со чии капки светот ќе си ги излекува и очите и срцата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност, бегал од себе како човек што ги знае туѓите намери и што ги претчувствува изгубените битки на човекот со жена и со три деца. Не, тој човек никогаш не отстапувал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Почна со човечки глас да ѝ шепоти на ушето нешто.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)