шета (гл.) - наоколу (прил.)

Одете дома и гледајте си ги вашите работи, не шетајте наоколу!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Публиката може да седи мирно или да стане и да се шета наоколу.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Анастасија е на големиот прозорец на катот. Удира по перницата, да ја искорени нечистотијата, да ја сотре. А мислата ѝ шета наоколу.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сејмени ли, гавази ли, шетаа наоколу со фишеклии полни барут.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Молчеше, само погледот му шеташе наоколу, како да бара место на кое ќе може да отпочине, и тоа негово молчење богами бааги потраја.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Имало некои женски што шетаат наоколу и ги нудат.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)