шета (гл.) - слободно (прил.)

По градот - можеби на два чекора од нас - шета слободно подлецот, кој се заколнал дека ќе ја убие вашата ќерка, а кај нас во семејството владее такво спокојство, кај нас се пишува за лебеди, кај нас машината за пишување чука ли чука...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Па како го пуштате да шета слободно... - Мислевме дека е излечен... - рече отец Иларион со јад во душата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тој си спомнуваше за козите што шетале по римскиот форум, па затоа се залагаше и во нашиот град козите да шетаат слободно, да се здобијат со козји права.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)