шири (гл.) - во (предл.)

Не беше тоа лоша плата за времето во кое живеевме, но Мајка, како што велеше, мораше со неа да прехрани шест детски усти, но и устите на нашите другари за кои секогаш имаше место на нашата трпеза... XXV Веста за сиџилите не престануваше да се шири во светот на ориенталистите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Најмногу опој шири во зорите и кога има најголема жега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Минуваме низ житни полиња, маслинови гори, а тие се шират во бескрај.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Денес, можеби, тој е единствениот град во Германија (седиште на покраинита) во кој среде град, покрај асфалтираните улици, се шират во недоглед многу лозја.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ја насетуваше нервозата на Камилски, поради видливото оддалечување од првобитно замислениот проект, сакајќи да ја појасни појавата на Васо-паша во нивниот план и затоа заклучи: Европските идеи во реформирањето на Отоманската Османската Империја од крајот на XIX век за кои се залагаше и Васа-паша Шкодрани, продолжија и во почетокот на XX век со Младотурската револуција во 1908 година која започна да се шири во Империјата од Македонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
А.А. се обиде да го про­должи поангажирано разговорот: - Може да се рече дека еден вид атеизам се шири во Русија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но растот нејзин беше побрз од мојот и поголем куќата што ми ја подјадува со своите долги длабоки корења што се шират во сонот што ми роваат та пукаа во ноќите без сон и ѕидови и порти се пореваа темелите и покривот ни татни од нејзините корни од нејзините гранки.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Ѕидовите, подот, прозорците, губејќи ја својата цврстина, почнаа да се собираат и шират во ритмот на моето дишење.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Во скелетот на прамидата од суви гранки заигрува светло срце: и се шири во својата љубов и топлина, се издолжува.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Уште во почетокот на април 1903 година, дваесетина дена пред атентатите, грчкиот конзул во Солун Евгенијадис го известува министерот за надворешни работи во Атина за гласовите што се шират во градот дека по неколку дена ќе бидат предизвикани безредија во македонската престолнина.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На нежно-миндаловото лице се шират во сјај јадрите маслини на нејзините очи.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Млака задоволеност му се шири во утробата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Предниот дел од куќата го заплискува езерото, дупи водата на него настојувајќи да го пробие; по ѕидот се оцртуваат темни валкани линии, 'рѓи, останати од езерото кога надојдувало и се качувало нагоре; долниот кат е влажен и во него не се живее; на горниот кат има прозорец што гледа право во езерото; во дворот, што се шири во задниот и јужниот дел од куќата, има бунар чијашто вода доаѓа од езерото низ песочните жилички и која постојано стои на нивото на езерото: кога тоа се повлекува, и бунарот се суши; од бунарот се црпи вода само кога езерото е матно, кога дува југот, и кога од него не може да се пие вода; во куќата се влегува од надворешните скали залепени до ѕидот и заштитени со дрвени пармаци; скалите завршуваат на долгиот чардак од кој се влегува во двете одаи; секоја има јужен прозорец кој гледа во дел од селото и во планинската шума што се протега сè до албанската граница.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- „Да, се шири во неа и ја разјадува“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Како зракот светлина, или капката дожд, музиката се подава, се шири во протокот, не дозволувајќи му на искуството да ја задржи.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И така, во сè помногубројните геј-енклави што сè побрзо се ширеа во поголемите градови во САД и другаде во текот на 1970-тите, еден нов и наводно модерен стил на геј-мажественост добиваше сè поцврст облик и создаваше спектакуларна видливост.63
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Гласот... полека се ширел во конзервативните кругови и приказната дошла до водечките гласила“.1
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Елеазар бен Цви ги шири ноздрите и речиси го впива мирисот на сѐ уште свежата кедровина што се шири во Храмот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Миризбата на јасминовите цветови сѐ уште се ширеше во градината.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога часовите се одржуваа во градината, честопати ја забележувавме Сара, ќерката на доктор Ауербах, како нѐ гледа низ прозорецот од својата соба.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму во градината, кога времето го дозволуваше тоа, или пак, кога студеше, во куќата, Фридрих Рихтер нѐ учеше како точката се развива во движење и линија, како линијата се шири во површина, како површината се претвора во простор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Охридското Езеро, извишено на седумстотини метри надморска височина, во подножјето на планината Галичица, се шири во едно од најидиличните опкружувања на Балканскиот Полуостров.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Иван Никифорович, наспроти тоа, сé повеќе си молчи, но затоа, ако закачи зборче, тогаш само држи се: ќе избричи подобро од секаков брич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иван Иванович е слабичок и со висок раст; Иван Никифорович е малку понизок, но затоа се шири во дебелина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)