јави (гл.) - некој (зам.)

И сега ете, нунката Стојанка ја држи вратата дури да се јави некоја од Сукаловите снаи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Море, кој сака нека биде, лели помислил за сиромашчината, да му се златни рацете! — се јави некој од купот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веќе се смирив од плачењето и ми се јави некоја луитина во мене па му реков: Туку така се појавуваш после две цели години и мислиш дека веднаш ќе дојдам со тебе.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но повремено и сега како да ѝ се јавува некое сожалување кон него што изцело го запостави и отфрли, па понекогаш почнува да му глуми дека таа пак му е приврзана како порано, дека со ова познанство и блискост со Богдана ништо не се изменило меѓу нив и продолжуваше да му упатува благи зборови, да му готви јадење, да му го мести креветот и сменува постелнината, да му ги пегла кошулите и алиштата, да го поведе понекогаш за рака низ просториите или полигонот за да слуша како се дресираат кучињата, да му вари почесто кафе како што му вареше, да му кажува како одат приходите во Пансионот, да му купува нови плочи со текстови за слепи на кој тој со прстите се учеше да чита - но тој кога ќе ја почувствуваше во својата близина, замавнуваше со бастунот да ја удри и бесот го смируваше со алкохол; се тетеравеше низ просториите на Пансионот викајќи по неа со најпогрдни зборови.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Можеш да ми се јавиш некој ден.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
„Ако не е баш тој што зел в џеб од оној Шабан“, се јави некој од толпата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога ми горат ушите и образите, обично ми се јавува некој на телефонот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И уште еднаш кај Трошчејкин се јавува некое просветлување, во моментот кога сака да ја наслика сликата, на која ќе бидат многу лица, кои тој ги знае.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Заслушај се ноќе, и ќе ти се јави некое крцкање на креветите, над тебе или под тебе, небаре црвец да работи во штиците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Командатот Бодри со коњот отиде до прозорецот на најблиската куќа и почна да чука, а однатре се јави некоја баба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тука колоната се прекина и не знаевме дали да одиме лево или десно.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
бати пасошите нели Македонија е слободна, а народот со лева рака се крсти и се чуди што ни стана, да не се јавило некое непознато беснило што нѐ скокотка и нѐ тера на смеење, ама од Македонија еден излегол, а цел свет дошол на тепање, што не се тепаат кај нив, ама на туѓо гумно и на туѓ газ не боли толку многу, и така радоста ни беше пуста, се враќаме преку туѓа земја, првин во Варна: војска, војска нѐ опколува и еден по еден нѐ пушта низ страга, ко овци на молзење, 117
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)