јави (гл.) - глас (имн.)

- Наградата за најдобра песна, - се јави гласот на конферансието - оди во рацете на нашата гостинка од Белград, Ивона Радиќ .
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Меѓу тревките се јавува глас на штурче - единствена жива душа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Ама, само што ми отишле очите на таванот, ќе се јави гласот од шпиончето: — В кроват нелзја лежат25.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Јас не сум рамнодушен кога се во прашање несреќите – рече тој, како да отфрла некое неизречено обвинение или како да спори со моите размислувања. – Јас го поддржувам она познато мислење дека ништо не е случајно!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Таа само измислува – злобно се јави гласот на Јана.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ама сепак претерува, зар не? – се засмеа неконтролирано Јана како онаа вечер, во кујната на Стариот писател В. Зрновски, додека со Денко Самоников ја подготвуваа салатата и пијалокот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Со овој впечаток останав и подоцна, кога неочекувано се јави гласот на Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ги отворив очите. Беше наведната над мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А ти, кутро човече, замаено чекаш на таванот да ти се јави гласот на Големата вода. Уште се надеваш.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
- Постои, - се јави гласот на мајка Верна Јаковлеска, - постои, мили мои! АУДИЦИЈА , ИЗБИРАЊЕ НА ТАЛЕНТИ Проклет да бидам, циркус.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Проклет да бидам, по толку векови се јави гласот на Големага вода.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)