јави (гл.) - со (предл.)

„Можеби ќе ме одминат и вечерва“ - си помисли, сеќавајќи се на онаа ноќ кога волците се јавија со својот виеж откај Гола Глава, а потоа се изгубија.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Знам, вели таа од другата страна на оградата што ја одвојува градината од уличката, знам, ти не беше со булукот бегалци, отпосле се јави со ова китче во рацете и со овој чувар крај себе.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Дали не ја заборавил? Дали во овие години ја спомнувале пред него, па сега да му дозволат тој да ѝ се јави со писмо?
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Пискулиев подголтна и се јави со несигурен глас: - Добар ден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)