јави (гл.) - доброволно (прил.)

Началникот, лут што никој не се јави, ја тресна вратата и излезе.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во „Патувањето на крајот на ноќта“ вашиот јунак се јавува доброволно, бидејќи е привлечен со војната музика.  Ма не, тоа е измислица.  Дали се пријавивте од патриотски причини или откако сте почувствувале дека тоа е Ваша професија, или поради некаква наклонетост...  Поради некаква наклонетост, бидејќи сум лиричар, то ест малку чукнат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ако за тра време не се јават доброволно, власта знае кои се.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Нумо удри со патерицата по подот, застана во став мирно, се исправи, подигна глава и, гледајќи некаде пред себе, војнички рапортира: - Пушкомитралезецот Нумо Дамовски се јавува доброволно за првата линија...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Високиот направи чекор напред и рече: - Пушкомитралезецу, оди во својата барака и чекај повик.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)