јави (гл.) - и (сврз.)

Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ема, која често ми се јавува и чиј глас многу ме куражи, ми кажува дека во весникот Време пишувало оти по смртта на Борко, планираната прослава по повод петгодишнината од изградбата на браната Долнец, немало да се одржи.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сетне јас, не можев да трпам, му се јавив и на шумарот од Лерна, се познававме.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И тогаш, по втор пат како да го видов големото сонце што ми се јави и понапред.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислев на мекушлавците а истовремено почувствував и останав многу изненаден дека токму сега се јавува и она чувство на измаменост од сопствената волја што грдо и неодговорно ми пристапува со оној писклив глас што доаѓа негде од далеку, а сепак од мојата внатрешнина: "Ти си лажго!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Лажго кој не е во состојба да ја прикрие дури ни својата лична отсутност туку глуми дека е овде.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што е мунасип, ќе платам, зашто јас пак имам волови и стока, ама со луѓе сум слаб; ми требаат два-тројца орачи, толку говедари, а може и некоја жена со поголеми деца да ги бркаат кравите по ливадите и гуските по реката – се јави и Мамут-бег од Оризари.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ви се јавува и сосема заборавена работа, некогаш малечко трнче што ви влегло во босата нога, помните како мајка со игличка полецка го молкне и, за да не ве боли, непрестајно дувка со уста својата душа.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сѐ уште држејќи ја кваката, со блажена насмевка ги затвори очите и си помисли, како нема некој пријател, сега да му се јави и да му каже колку му е убаво.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Следната недела, осигурителното друштво на изнајменото возило се јави и се распрашуваше за Марија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неговата убеденост беше толкава што кај полицаецот предизвика непријатност и тој се извини поради поставените прашања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Со лаење и со квичење ќе јави и пак ќе се врати кај стопанот. В планина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Некогаш ни се јавува и небаре запален сноп пченица што се шета низ шумата, ама не ја гори.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)