јавува (гл.) - дека (сврз.)

Радо се одѕваа на тој знак, бидејќи им јавуваше дека се веќе варени компирите што дедо Иван редовно ги сервираше и над кои течеше нивниот разговор често и до доцна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Од командниот пункт на Тумбите - вели телефонистот - јавуваат дека челото на колоната веќе е во селото Новоселени.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Госин поручник, - рапортираше фелдфебелот. - Јавувам дека се враќаме со неизвршена задача и еден мртов.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ни јавуваат дека во април се одржал Дванаесеттиот пленум на грчката партија на кој сме рехабилитирани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тој лично ни јавува дека пристигнува утре”.  Градоначалникот ги крена веѓите во знак на неверица.  „Добра вест”, рече рабинот Корео, ги поздрави двајцата и замина за да не им го попречува разговорот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Уште јавувале дека старецот сѐ уште бил во вагонот залостен од внатрешната страна, дека луѓето го хранеле преку решетката на прозорецот, а одоздола, под дупката на средината на вагонот, ставале тенекиња со вода во кои го собирале поганот од старецот и го фрлале далеку во полето.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Еднаш јавуваа дека божем не знаат ништо за неговата жена!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А по некое време, дека наслушнале понешто, нешто втасало и до нив, но колку е вистинито тоа божем и самите не се сигурни!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)