јаде (гл.) - месо (имн.)

- Зошто? - прашувам. - Затоа што луѓето зборуваат дека во закланите свињи месарите пронаоѓаат златни ланчиња, прстени, златни забни круни... - конспиративно вели мама, а потоа мирно додава: - Впрочем, јас и онака не јадам месо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Стариот Тиријц, чија жед по жена и во стотата била подеднаква на онаа кај вжештениот младич, јаделе месо (секако вкусно зачинето) токму од таков змиски мажјак, отепан во момент на најжестока јарост.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јадел месо, сега него други го јадат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А јас самата веќе четириесетина години не јадам месо од кој и да е вид, па лично не сум загрижена за своето здравје.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ама некако се одвикнав да јадам месо, веќе осум години не сум јадела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Не е здраво да не се јаде месо. Не е здраво за телото. А копаните се вкусни.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Свекрва ми не мрдна ниеден мускул од лицето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не знаев што да одговорам бидејќи знаеше дека не јадам месо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Додека го правев тоа, од устата на свекрва ми излегоа некои зборови помешани со малку храна, нешто како "А сега овде живееш и тука се јаде месо", ама не можам да бидам сигурна затоа што мислев само на тоа што требаше да го изедам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Го погледнав, барајќи помош, но тој се занимаваше со тоа што со цигарата гореше едно осамено зрно оривче.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Крв почна да ми капе по чинијата, врз кожата од пилето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ја помириса кожата и потоа ја испружи долната вилица со долгите, тенки заби, а влакната од брадата ме допреа по прстот и малку се наежив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Баба ми ќе ми речеше: Миле, извади си месо, а јас: Бабо, мене не ми се јаде месо.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)