јази (гл.) - по (предл.)

Тој чекорел во свечена осаменост на обред во кој се кадат со темјан слабушкавите за битка, всушност не ги подавал рацете кон копнежи туку со здив, со чело, со врелина во врвовите на прстите џбарал слободен простор по чии невидливи врвици можело да се стаса до златни бранови на 'ржено море а во нивната лелеавост да се живее и да се чека на доаѓањето на русалките и девојките; со нив ќе е и таа, Ганка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мирно е сега сѐ во пределот на моето око што почнува да лази по изгниените треви место да се јази по препетните лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Се јазев по скрките на ридот по снагата на животното со кое дружев во сонот а кога открив на преслапот лозје како да се качив на моето рамо.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Уште убаво ги распознава гласовите на своите дечиња, ги гледа како јазат по овошките и како ѝ принесуваат синолички што ги собираат по ридовите.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Ја газам оваа магла, оваа есенска што лази по грбот мој и `рбетот на градот и што навева студ и сивило во чекорот и што навева спомени на нешто зелено зелено Ја газам оваа сива улица што се проѕева со своите влажни штрбави вилици што гребат и што се бесат за првите пробудени звуци на утрото и што се јазат по кревките и високи скали на смевот
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
„Таа е ...“) грлена и гласна, со распуштени коси и со подадени раце кон неговите раце; ќе се најдат и ќе се јазат по ѕвездена пајажина кон спокојство и тишина во која, најпосле, се разговара со очи и со допири.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)