вас (зам.) - да (сврз.)

Жими десното око ако сакам од вас да печалам, — им се колне Петруш, а на свадбарите не им текнува да го погледнат десното око на Петруша и да видат дека тоа е шлупка ореова — истечено уште пред петнаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Абре, јас немам, стрико Петко шо немам, токо тиа шо имаат, сиромаси, ќе требе за вас да платат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но како од страв, да не ме сетат кодоши не смеев да се јавам на Имотот, а како кај вас уште оттаму, од брдото, (од Зедница) видов дека свети, и како сте вие прва куќа после Имотот, решив кај вас да се јавам и вам да ви го оставам и коњов и чупалево.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се позамисли малку, стана со манлихерата в раце и луто, сиот возбуден викна: — Јас, господа војводи, не се покорувам веќе на вашите наредби и од денеска не идам со вас да ја спасувам мојава глава. Не ја напуштам родната земја дури главава стои на рамената.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас дојдов да помогнам, не да го победиме Хилмипаша но да го победиме Кобурга и неговите агенти и да не ја дадеме нашата Организација да пропадне или да премине во туѓи издајнички раце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Убаво сте ја свршиле, џанум! Мошне убаво! Токму тоа и се бараше од вас да ја растурите Организацијата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Бодлер, којшто очигледно повеќе пати го доживеал тоа искуство, го опишал во Поемата за хашиш на следнов начин: „понекогаш се случува личноста да исчезне и објективноста во вас да се развие така неприродно што посматрајќи ги предметите од надворешниот свет, заборавате дека и самите постоите и наскоро се стопувате во нив.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Мене многу во вас да не ме мешате, - рече Љаке.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Рековме да помислиме, а и од вас да чуеме како направивте и што направивите?...
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Се чувствував сигурна што можев кон вас да бидам пес.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кликтежи ви требаат, поету мој, ако не за друго, бар да ве слават и прославуваат, на вас да посочуваат како создавачи на убоста од која се храни животот, а не на грубоста која убива и ништи?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Да дадеше Господ една сипаница лоша да дојдеше и сите вас да ве собереше, та после векот едно да не пркне: овде да се роди, ама бело море и црно да препливаат таткови и мајка ви, тамо да видат челад; откако ќе видат челад тамо, еден Господ нека суди и еве јас си умирам".
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Јас сум жена, оставена жена... и чувам едно дете без мајка, тоа дете го зедов на 4 годишна возраст и го одгледувам како можам и умеам... но, еве, животот не прегази финансиски, па јас дојдов овде кај вас да прашам дали вие некако ќе ми помогнете, барем да го истуркам девојчето да заврши средно школо... ме разбирате... - веќе со видно вознемирен глас и солзи на очите, почна да ги испрекинува зборовите.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Значи, и полиција треба со вас да се занимава.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги знае добро моите желби скришни и знам што сака од сите вас да скрие.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
- Ведане, - ме предупреди татко ми. - Глас од вас да не чујам!
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Никоја сила не бара од вас да измислувате вакви истории...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Замислете си некој со вас да не сака да се дружи и сите да ве избегнуваат како да сте чума.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)