вас (зам.) - или (сврз.)

Ама ми е жал оти не му го тргна одма куршумчето кога избега од гробишчата или во ливадата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Јас дури су жив од својот пат не скршнуам. Co вас или без вас, јас си а знам работата моа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сепак, не треба да се заборави дека треба да се издржи до нејзиното самодавење, а тогаш или ќе ве повлече и вас или ќе ве остави историски дегенериран од нејзината долга, глупава и напорна пракса.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Јас дојдов кај вас или вие кај мене?
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Имено, луѓето околу вас или безрезервно го подржуваат вашето творештво и одат дури дотаму што тврдат - со што и јас се согласувам - дека сте без конкуренција најзначајниот уметник во Македонија, или, од друга страна, се сервира мислење дека вие сте сепак само “маргиналец”, само недоволно интелигентен “алтернативец” кој не ги знае длабоките и фасцинантни лавиринти на моќта и упикувањето.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
И најпосле, за кого е важно - за вас или за мене?“ Знаеше. „За обајцата.“ „Како да сме стопани на иста фирма падната под стечај“, рече Отец Симеон.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
АНА: Сега, да донесам прво за вас или прво да им ставам на аргаткине?
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но не знам дали од вас или од мајка ми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Тој ми е другар од борбите – вели Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Никогаш не сум тврдел дека лудите луѓе се попросветлени или подобри од вас или од мене.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Поголемиот дел од навистина лудите луѓе не се баш пријатно друштво.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Под следните услови: Наведи извор — Морате да го наведете изворот на ист начин како што тоа го направил авторот или давателот на лиценцата (но не на начин кој би сугерирал дека тие ве поддржуваат вас или вашето дело).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)