ве (зам.) - викне (гл.)

колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Суљо падна со стотици свои другари и сега се наоѓа кај големиот пророк во рајот, но јас ве викнав денеска да ве замолам за една работа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Губи од мене на карти неколку дена, па реков да ве викнам и вас да се тешите меѓусебно.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- И нема да трчате, да лудувате и да викате,- ни рече. – Ќе поседите на сонце додека не ве викнам.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)